Холандскиот фудбалер Раи Влоет речиси пред две години предизвика страшна сообраќајна несреќа во која, за жал, почина едно четиригодишно детенце, па сега е судењето за овој немил настан.
Во моментот на сообраќајката, фудбалерот бил во алкохолизирана состојба и возел со брзина од 200 километри на час. Влоет се судрил со автомобил во којшто имало четиричлено семејство, а, за жал, детенцето кое седело на задното седиште починало.
Државното обвинителство бара три и пол годишна затворска казна за фудбалерот, а се бара да добие и четиригодишна забрана за возење автомобил. Влоет во крвта имал двојно повеќе алкохол од дозволеното, а прво воопшто не сакал да ѝ признае на полицијата дека тој возел.
„Бев на забава во Амстердам додека беше пандемијата, па затоа и порано заврши забавата. Требаше да останам во Амстердам, но решив да одам во Ротердам. Влегов во автомобилот и возев без многу да размислам. Додека го местев темпоматот, ногата ми беше на педалата за гас. Така се случи несреќата“, објасни фудбалерот пред Судот.
De officier van justitie noemt het gedrag van Rai Vloet ‘onverteerbaar voor de ouders’. https://t.co/2gbjic59qg
— RTL Nieuws (@RTLnieuws) March 20, 2023
За време на зборувањето, фудбалерот воопшто не покажал каење за тоа што се случило, што дополнително ја вознемири мајката на починатото детенце.
„Како ние да продолжиме да живееме? Сѐ ни одзема“, вознемирано викаше мајката.
Некогашниот играч на ПСВ беше суспендиран од тимот на Хераклес, каде што настапуваше за време на несреќата. Потоа замина во Астана во Казахстан, а сега е дел од тимот на Урал во Русија.

