Срамни сцени: Сер Алекс и Вудвард се скараа на трибини

Првиот раководител на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард, за време на натпреварот меѓу Шефилд и Јунајтед се најде во расправија со легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон. Срамните сцени на „Брамал лејн“ се случија за време на паузата, откако Црвените ѓаволи покажаа слаба игра во првите 45 минути и беа во резултатски заостаток.

Обичниот разговор се претвори во жештока расправија, а според фотографијата, се забележува дека Вудвард со повишен тон разговара со легендарниот Шкотланѓанец, притоа со гестикулации покажува кон теренот, односно кон играчите на Манчестер.

Засега не се знае за што точно се расправаа амбасадорот и потпретседателот на клубот, но се чини дека оваа расправија може да му го одреди крајот на Вудвард во таборот на 20-кратниот англиски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести