Срамно однесување на играчот на Интер, разви транспарент со којшто понижи фудбалер на Милан (Видео)

Прославата на фудбалерите на Интер поради 20-тата шампионска титула во Серија А покрај неверојатната атмосфера која ја приредија навивачите на Нераѕурите, ја одбележа и скандалозниот потег на дефанзивецот Дензел Дамфрис, кој од клупскиот автобул објави транспарент со којшто го навреди играчот на Милан, Тео Ернандез.

На транспарентот Ернандез е претставен како куче кое Дамфрис го држи со ланец.

Дамфрис и Ернандез влегоа во клинч на последниот дуел меѓу Интер и Милан, поради што и двајцата заработија црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести