Срамно однесување на Ридигер: Го малтретира економот на Реал, а Мбапе не може да поверува што гледа (Видео)

Германскиот интернационалец, Антонио Ридигер, се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид, а причината е неговото срамно однесување на тренинзите. Германецот постојано го малтретира економот на „кралскиот“ клубна тренинзите, но веројатно не беше свесен дека камерите го снимаат тренингот.

На последниот тренинг, Ридигер му постави нога на економот и го собори на земја, а претходно го нападна и со шлаканици.

Токму видеото со шлаканиците за економот за Реал крена голема прашина во Мадрид, а дури и Мбапе во еден момент остана зачуден кога виде што прави Ридигер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести