Срамното однесување е казнето: Обамејанг остана без капитенската лента, а тој самиот започнал преговори со великан

Откако минатата недела не ја почитуваше одлуката на клубот, капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, е драстично казнет.

Тој остана без капитенската лента, додека ќе биде и под суспензија за натпреварот против Вест хем.

Популарниот Ауба изминатата недела бил во Барселона, иако од клубот не му го дозволиле тоа.

Но, интересно е што првично се мислеше дека таму отишол само за да се тетовира, а според новите информации, тој самостојно започнал неофицијални преговори за да си обезбеди трансфер во Барселона.

Јасно е дека Каталонците со оглед на финансиската состојба, нема да можат да му ги исплаќаат 300-те илјади евра неделно, но очигледно е дека самиот играч би се согласил за намалување на платата.

Останува да се види дали Пјер ќе одигра уште некој натпревар во дресот на Арсенал, или, пак, клубот целосно ќе го отстрани од тимот додека не успее да го продаде во Барса.

- Оглас -

Најнови вести