Србија го убеди младиот голман да се откаже од Белгија

Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар ќе биде нов репрезентативец на Србија. Според најавите, чуварот на мрежата кој е роден во Белгија и бранеше за оваа репрезентација во сите младински категории, на крајот се реши да го смени националниот дрес.

Во сениорска конкуренција, Свилар ќе биде голман на Србија, а неговото деби може да го има во септември, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Миле е син на некогашниот прославен југословенски голман Ратко Свилар.

 

- Оглас -

Најнови вести