Србија мора да победи за да оди на Светско, хендикепот е неверојатно голем

Светското првенство во кошарка кое од 25 август до 10 септември ќе биде во Јапонија, Индонезија и Филипини ги знае имињата на 31 учесник, што значи дека остана само уште едно слободно место. Тоа слободно место ќе биде пополнето по вечерашните дуели во европските квалификации, а е за Србија или за Белгија. Ова се двете селекции кои сакаат да бидат дел од Мундијалот, каде што место ќе има само за еден од нив.

Србија во „Штарк арената“ во Белград е домаќин на Велика Британија и според квотите во Sport Life, нема дилема дека домаќините ќе се радуваат. По досега одиграните девет кола во квалификациите, Србија има пет победи и четири порази, додека Британците се најслаби само со една победа и дури осум порази.

За меч кој решава за патникот на СП, хендикепот е на неверојатни 32,5 поени, што значи дека се очекува Србија да победи убедливо.

За Белгија останува да се надева на чудо дека Србија ќе загуби дома, па тие со победа над Турција да стигнат до посакуваното трето место во групата. Сепак, оваа варијанта е речиси невозможна и би било шок ако Србите дома прокоцкаат ваква шанса.

- Оглас -

Најнови вести