Вистинска драма на натпреварите од последното коло од Лигата на нации во дивизијата „А“. Во последните моменти се одлучуваше кој оди во плеј-оф, а кој ќе испадне. Хрватска на домашен терен одигра нерешено против Португалија и ѝ се придружи во четвртфиналето на Лигата на нации, додека Шкотска со голот на Робертсон во 93-тата минута ја победи Полска на гости со 1-2 и обезбеди бараж за опстанок, а со тоа ги испрати полјаците во дивизијата „Б“ како еден од можните ривали на Македонија.
Шпанија со голот на Брајан Сарагоса во 93-тата минута од пенал ја победи Швајцарија со 3-2 во меч без резултатско значење, со оглед на тоа дека „фуријата“ секако е прва, а Швајцарија испадна, а драмата во Белград помеѓу Србија и Данска заврши без голови, 0-0. Тоа би значело дека Данска патува во четвртфиналето, а Србија ќе мора да игра во баражот за опстанок во дивизијата „А“.