Србија оди на сигурно – Главен кандидат за селектор им е поранешен светски вицешампион

Рајмонд Доменек е најсериозен кандидат за нов селектор на Србија, а преговорите се во завршна фаза, објавија „Вечерње новости“.

По неуспехот во бараж-двомечот со Шкотска за пласман на Европското првенство што ќе се игра идната година, Србија веројатно ќе оди на сигурна варијанта со искусен селектор странец во обидот да се пласира на Мундијалот во Катар.

Србија е во група со актуелниот европски првак Португалија, со Република Ирска, Азербејџан, Луксембург и Катар како гостин во оваа конкуренција, па шансите се реални.

Доменек има 68 години, а беше светски вицешампион со Франција на Светското првенство во 2006 година, кога во финалето Триколорите загубија на пенали од Италија.

Се очекува тој да биде главниот предлог на раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија за нов селектор, а во изјава за „Вечерње новости“, Доменек изјави дека веќе бил контактиран и дека е подготвен за предизвикот.

Селектор на Франција беше од 2004 до 2010 година, а претходно беше тренер на Лион и на Милуз и селектор на младата репрезентација на Франција за играчи до 21 година.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести