Србија со петарда во Генералката се набилда со оптимизам – Шоу за уживање приредија Тадиќ и Влаховиќ (Видео)

Србија се набилда со оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар и забележа убава победа против Бахреин од 5:1 во пријателски меч и Генералка пред стартот на шампионатот.

Душан Тадиќ покажа дека ќе биде лидер на Орлите кои имаат големи амбиции во Катар, а на велемајсторски начин погоди во осмата минута од слободен удар.

Играчот на Ајакс пак беше прецизен во 50. минута за 2:0 по асистенцијата на Душан Влаховиќ.

Напаѓачот на Јувентус и еден од големите адути на Србија се врати на терен по паузата поради повреда и веднаш покажа дека е подготвен за мундијалскиот предизвик.

Влезе во игра во 46. минута, само 240 секунди подоцна му асистираше на Тадиќ, а во следната 51-ва минута и сам ја погоди мрежата на Бахреин.

Велемајсторски со петица му асистираше Тадиќ, а Влаховиќ рутински погоди.

Филип Ѓуричиќ погоди за 4:1 за Србија во 87. минута, а конечниот резултат 5:1 го постави Лука Јовиќ во 90. минута по втората асистенција на Влаховиќ.

Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија во првата фаза по групи на Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести