Во пријателски меч, Србија со 2:1 славеше над Саудиска Арабија во Бачка Топола. Србите беа големи фаворити за победа, но на полувреме губеа со 0:1. Пресвртот во второто полувреме се случи во период од 66-тата до 70-тата минута, кога домаќините постигнаа два гола.
Играчот на Милан, Страхиња Павловиќ, постигна спектакуларен погодок со „ножички“ за израмнување на 1:1 во 66-тата минута. Како што пишуваат српските медиуми, ова е еден од најатрактивните погодоци што бил постигнат од фудбалер во дресот на српската репрезентација.
Пресвртот на Србија беше комплетиран во 70-тата минута, кога погоди Александар Митровиќ. Напаѓачот кој на клупско ниво игра токму во Саудиска Арабија и многу добро ги познава овие ривали, погоди за 2:1 и не дозволи да има изненадување во Бачка Топола.

