Србија со звукот на сирената ја сруши Норвешка (Видео)

Селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 25:24 во дерби пресметката на третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 што ќе се игра во Германија. Голот за победа го постигна Урош Борзаш во последната секунда од натпреварот.

https://twitter.com/i/status/1633901682697355265

Најпрецизни со по пет постигнати голови беа Радивојевиќ и Пешмалбек, додека Илиќ даде четири гола. Србија со победата, се искачи на првото место во групата 2 со максимални три победи, додека Норвешка е втора.

Во истата група, Финска со 30:27 ја совлада Словачка.

Во балканската пресметка што се играше во Подгорица, Словенија славеше со 32:29 над Црна Гора. Ова е втора победа за Словенците над Црна Гора во последните 40-тина дена, откако претходно славеа и на СП со 31:23.

- Оглас -

Најнови вести