Србин како фудбалски голман го фрли баскетот и даде еден од најневеројатните кошеви во историјата (Видео)

Српскиот кошаркар Филип Ѓуран на натпревар од втората шпанска лига, во која игра и нашиот Стојан Ѓуроски, даде неверојатен кош кој дефинитивно ќе биде потег на сезоната таму. Ѓуран, кој игра за клубот Алманса, во финишот на првата четвртина ја освои топката, но беше на својата половина и бидејќи немаше време, мораше да се ослободи од топката.

Го фрли баскетот како фудбалски голман и, за негова среќа, топката мина низ обрачот на Коруња, што предизвика голема радост кај публиката и кај сите негови соиграчи на кои не им се веруваше од каде погоди Филип.

Погледнете го лудиот кош на некогашниот играч на ФМП и ОКК Београд:

- Оглас -

Најнови вести