Србин не успеа да му помогне на Новак, Медведев чекор поблиску до првото место на АТП

Рускиот тенисер Данил Медведев ако го освои Мастерс турнирот во Индијан Велс, од 1 ноември ќе биде на првото место на АТП ранг-листата на најдобри светски тенисери и привремено ќе го прекине долгиот престој на врвот на Новак Ѓоковиќ. Првата позиција на ранг-листата на АТП е големиот мотив за популарниот Медо, кој мина три кола во Индијан Велс, а во четвртото треба да се сретне со Григор Димитров.

Во третата рунда, Медведев беше подобар од Филип Крајиновиќ со 6-2, 7-6. Колку и да сакаше Крајиновиќ да му помогне на Ѓоковиќ да остане прв, немаше сили за подвиг, па следна надеж на Новак е Бугаринот Димитров.

Медведев е на четири победи од прво искачување на прво место на ранг-листата на АТП во кариерата, иако на првото место би останал само една недела бидејќи потоа губи многу поени од лани, па Ѓоковиќ повторно ќе ја преземе челната позиција.

- Оглас -

Најнови вести