Србинот е најплатен фудбалер во цела Италија

Душан Влаховиќ е фудбалерот кој добива најголема плата во италијанската Серија А, тврди сајтот Capology, кој е специјализиран за финансии и плати на фудбалерите.

Според тие пишувања, голгетерот на Јувентус добива неделна плата од 250.000 евра, што на годишно ниво носи дури 12.960.000 евра. Веднаш зад Влаховиќ, на оваа листа се уште двајца фудбалери на Јувентус, и тоа голманот Војќех Шченсни и стоперот Леонардо Бонучи, кои заработуваатпо 230.000 евра неделно.

Меѓу најплатените фудбалери во Серија А има место и за Лаутаро Мартинез и Марсело Брозовиќ двајцата од Интер со по 213.000 евра неделна плата. На исто ниво со Мартинез и Брозовиќ се и бекот на Јувентус, Алекс Сандро, додека Ромелу Лукаку и Пол Погба се со плата малку под 200.000 евра неделно.

Един Џеко, Хакан Чалханоглу, Федерико Кјеза, Бремер, Хуан Квадрадо и Николо Барела се со неделна плата од 178.000 евра и тие ја заокружуваат елитната 14-ка на најплатени фудбалери во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести