Србинот Круљ веќе не е тренер на Брера Струмица

Македонскиот прволигаш Брера Струмица објави дека спогодбено го раскинале договорот со тренерот Бојан Круљ.

„Одлуката е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за оваа сезона. Двете страни во интерес на клубот одлучија по поразот од Струга Тим Љум, трет последователен, да ја раскинат соработката. Ова значи дека стручниот штаб предводен од Бојан Круљ заедно со Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат првиот тим на Брера во продолжението на првенството. Упатуваме благодарност до Бојан Круљ и неговите помошници за професионализмот во изминатиот период како и за придонесот и досегашната соработка. Им посакуваме  многу успеси во понатамошната кариера!“, објави клубот.

Србинот Круљ во Брера Струмица дојде лани во декември кога го замени Италијанецот Џовани Валенти и под негова палка тимот го обезбеди опстанокот во Првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести