Србинот си оди од Јувентус ако идната година не игра во ЛШ, веќе е познат неговиот наследник

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ би можело да го напушти Јувентус доколку Старата дама не обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, објави „Спорт Медијасет“.

Италијанската фудбалска федерација му одзеде 15 бода на Јувентус од оваа сезона поради финансиски малверзации на претходната управа, по што Старата дама падна на осмото место на табелата со 32 поени, 12 помалку од четвртата позиција, која носи пласман во ЛШ.

Пред Јувентус се тешки денови бидејќи до крајот на сезоната може да остане и без дополнителни 20 бода, колку што бара торинското обвинителство, кое поднесе тужба против клубот.

Доколку не игра во елитното клупско натпреварување следната сезона, Јувентус ќе остане без милионски приходи и поради тоа челниците на клубот ќе мора да продадат неколкумина фудбалери. Најголема сума може да заработат од евентуалната продажба на Влаховиќ, за кого сериозен интерес пројавуваат Реал Мадрид и Арсенал.

Јувентус минатиот јануари плати рекордни 80 милиони евра за трансферот на Влаховиќ, кој досега одигра 43 натпревари за Старата дама и постигна 19 гола.

„Спорт Медијасет“ пишува дека наследник на Влаховиќ во Јувентус би требало да биде играчот на Аталанта, 20-годишниот Расмус Хојлунд, кој сезонава постигна 13 гола на 30 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести