Србите ги охрабрија Французите, Ролан Гарос ќе се игра со публика

Отвореното првенство на Франција во тенис, популарниот Ролан Гарос, ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври и тоа со присуство на публика. Ова го потврди претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гвидичели.

„Сигурно е дека ќе има одреден број гледачи. Уште не сме донеле конечна одлука за бројот на гледачи кои ќе смее да бидат на трибините, тоа допрва ќе се одлучува во договор со содветните органи”, рече Гвидичели.

Традиционално, Ролан Гарос, кој е единствен гренслем-турнир на земјена подлога, се одржува во втората половина на мај, но годинава околностите се такви што немаше шанса да се игра во мајскиот термин. Прво стартот беше одложен за 20 септември, а сега конечно е одлучено да почне една седмица подоцна, на 27 септември и да трае до 11 октомври.

Како во време на корона-вирус изгледа тенис со публика, покажаа Србите на „Адрија тур“ во Белград, а слично ќе биде и во Задар, каде што Новак Ѓоковиќ ќе се претстави пред хрватската публика во рамките на турнејата.

 

- Оглас -

Најнови вести