Србите најдоа доказ дека биле оштетени против Швајцарија (Видео)

Репрезентацијата на Србија ги спакува куферите од Мундијалот во Катар уште по завршување на групната фаза. Србите завршија последни во групата, откако во решавачкиот трет меч загубија од Швајцарија со 3:2.

Еден ден по поразот, Србите наоѓаат сннимка за која тврдат дека требало да има пенал за нивната селекција и дека затоа се оштетени. Се работи за момент од 65 минута кога Митровиќ беше во напад и во дуел со Фабијан Шер, а според снимката, фудбалерот на Швајцарија ја допира топката со рака.

Србите веруваат дека тоа е доволно за да се досудило пенал за нив, но ниту арбитрите во ВАР собата не ја забележаа оваа ситуација, па играта продолжи и тимот предводен од Драган Стојковиќ не доби пенал и шанса да израмни на 3:3.

- Оглас -

Најнови вести