Србите се чудо, се караат и кога им оди одлично

Нов неуспешен обид имаше селекторот Младен Крстајиќ и раководството на Српската фудбалска федерација да го вратат Лука Миливојевиќ во репрезентацијата.

Јазолот место да се разреши во моменти кога на српската репрезентација ѝ оди одлично, проблемот повторно се разгоре, а капитенот на Кристал палас објави дека нема да игра сè додека селектор на „орлите“ е Крстајиќ.

„Со тие луѓе немам ништо заедничко. Ширеа гнасни лаги и невистини за мене. За Србија ќе играм секогаш, но не додека Крстајиќ е селектор. Со овие луѓе не ја делиме истата приказна“, изјави Миливојевиќ.

Тој играше за Србија на Мундијалот, а потоа се скара со Крстајиќ и со челните луѓе на Федерацијата. Деновиве имаа нов состанок, но без успех и Миливојевиќ нема да ја менува одлуката. Тој игра одлично за Кристал палас и е првиот играч од средниот ред на тимот од Премиер лигата што постигнал 20 или повеќе голови.

Пред него и Иван Обрадовиќ потврди дека нема да игра за Србија поради недоразбирање со Крстајиќ. Србија завчера ремизираше 1-1 со Германија во Волфсбург и е во серија од 7 меча без пораз со освоено прво место во својата група во Сегментот Ц од Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести