Србите се спасија oд сензација, Бразил си поигра со Хрватска

Србија ја оствари втората победа на квалификациите за ОИ со 83:76 над Филипини. Орлите на Игор Кокошков имаа поголеми проблеми во однос на мечот против Доминиканска Република, па избегнаа пресврт и шокантен пораз на домашен терен во Белград.

Србите со двоцифрена предност влегоа во второто полувреме, а највисоките +16 за брзо беа анулирани, па Филипини во еден момент имаа пола кош водство при резултат од 73:74, за на крајот фаворитот да ја оправда улогата.

Марјановиќ и Добриќ со 17, односно 16 поени беа најефикасни играчи од редовите на Србија, Куаме со 17 поени беше светла точка за Филипинците.

Бразил во меѓувреме предводен од Ацо Петровиќ, хрватскиот селектор, славеше голем триумф над Коцкестите со 94:67. Хрватите парираа во поголемиот дел од мечот, но тотален распад им се случи во последните 10 минути, во кои постигнаа само 12 поени.

Останати резултати од квалификаците за ОИ Токио 2020:

Грција 91:97 Канада, Уругвај 86:95 Турција, Ангола 68:118 Словенија, Мексико 72:64 Русија, Венецуела 94:80 Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести