Србите уживаат, првпат имаат пет играчи во 2. коло на гренд-слем

Новак Ѓоковиќ, Момир Кецмановиќ, Филип Крајиновиќ, Ласло Ѓере и Душан Лајовиќ, испишаа нова светла страница во историјата на српскиот тенис, бидејќи откако ги добија своите мечеви од првото коло на „Ролан Гарос“, за првпат нашиот северен сосед има пет претставници на еден гренд-слем турнир.

Денеска тројца Срби (Кецмановиќ против Давид Гофан, Крајиновиќ со Карбањас Баена, а Ѓере со Попирин) ќе ги играат своите дуели од втората рунда, а желбите се барем уште еден тенисер од Србија покрај Ѓоковиќ, да дојде до втората недела од турнирот.

- Оглас -

Најнови вести