Србите воведуваат ВАР-систем од следната сезона

Марко Пантелиќ, потпретседателот на фудбалската федерација на Србија, потврди дека во Суперлигата од следната сезона ќе се користи ВАР-системот.

„ВАР-системот ќе функционира на српските стадиони, вложивме доста пари за да обезбедиме регуларен тек на нашето најелитно првенство“, посочи Пантелиќ.

Вложени се голем број на средства за да се имплементира контроверзната технологија кај нашите северни соседи, кои ќе бидат втори на Балканот што воведуваат ВАР во најелитното домашно првенство.

Во Првата лига на Хрватска, уште од ланската сезона се користи ВАР-системот, додека од сезоната 2022/23 планирано е да се воведе ВАР и во фудбалското првенство на БиХ.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести