Среда е идеален ден за ваши типови на Спортска прогноза

Полуфиналето од англискиот ФА куп помеѓу Челзи и Манчестер сити и дербито во италијанската Серија А помеѓу Наполи и Интер се двата најинтересни парови во основната понуда на 32-рото коло на бесплатната Спортска прогноза.

За да ја освоите премијата, „ајфон 11“, треба да се погодат сите 13 парови. За 12-ка и 11-ка наградите се ваучери од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари. Интересно е што од тие прогнозери кои досега типувале, само 27,2 отсто сметаат дека Интер ќе победи во Неапол, додека 32 проценти веруваат во победа на Наполи. Овие проценти може да се сменат, но засега ова покажува дека има многумина кои не веруваат дека победничката серија на лидерот на табелата ќе продолжи.

Од Серија А во понудата има дуел и на Аталанта и Јувентус, тука половината веруваат во триумф на Старата дама, додека најголем е процентот за единица на пресметката на Болоња и Специја. Речиси 89 проценти од прогнозерите најавуваат победа на Болоња.

Секако, не треба да се заборават и двете резервни двојки што носат поени за подобри позиции во Генерален пласман. Трката и тука е супер интересна, веќе се ближи крајот на сезоната, а шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести