Двајца од тројцата најдобри тенисери на светот, Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, во Њујорк се испробаа во еден друг спорт, наречен пиклбол.
Италијанецот Синер е во центарот на вниманието поради допинг-скандалот, а тој може да биде и исфрлен од Отвореното првенство на САД, кое почнува в понеделник, доколку Светската антидопинг агенција се жали (има право на жалба, а рокот е 6 септември) на одлуката за „помилување“ на Синер, кој наводно не е виновен и случајно се нашол допингот во неговото тело.
Ѓоковиќ коректно се однесуваше кон светскиот рекет број 1 и се дружеа на еден настан организиран од производителот на спортска опрема „Хед“, па одиграа една партија пиклбол, спорт кој станува сè попопуларен и претставува комбинација од тенис, бадмингтон и пинг-понг.
Djokovic, Sinner, Krejcikova and Callie Smith doing pickleball dingles at Head event. pic.twitter.com/gzdZuYd3jR
— Jon Levey (@levey_jon) August 22, 2024