Среден прст од фановите на Нирнберг за играњето во понеделник

Фановите на Нирнберг во првото полувреме на натпреварот против Борусија Дортмунд неколку пати го прекинуваа мечот фрлајќи црни тениски топчиња на теренот, а извадија и навредливи пароли кон Германската фудбалска федерација, на која ѝ се лутат што ги става да играат во лошиот понеделнички термин.

Не е првпат сезонава да има протести на темата играње во понеделник вечер. Пред една недела, навивачите на Алавес во Шпанија му направија „погреб“ на фудбалот со кореографија, а поддржувачите на Нирнберг вечерва протестираа поинаку. На теренот фрлаа црни тениски топчиња, со што веројатно сакаа да покажат дека понеделник е ден за почеток на тениски турнири, а не за играње прволигашки мечеви од една од петте најсилни лиги во Европа. Со ова, навивачите му направија проблем на својот клуб бидејќи сигурно организаторот ќе добие казна, но психолошки го разнишаа и гостинот од Дортмунд.

Во последните секунди од првото полувреме, Борусија требаше да изведе корнер, но кон корнер-знаменцето полетаа десетици топчиња и судијата реши да не дозволи изведување на корнерот и играчите ги прати во соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести