Средниот ред на Сити им ја заврши работата на напаѓачите (Видео)

Манчестер сити го доби дербито на Премиерлигата против Челзи со 2-1, во меч на кој сите три гола паднаа во првото полувреме. Нголо Канте го доведе лондонскиот тим во водство и сега има три гола од три шута, а Кевин Де Брујне и Ријад Марез направија пресврт.

Крилото Рахим Стерлинг во финишот даде гол, но беше поништен после прегледување на видео снимка. Напаѓачите не беа расположени, но затоа тука беа фудбалерите од средниот ред.

Ова беше битка за третото место. Со победата, Сити е на девет бода минус во однос на лидерот Ливерпул.

Марез има четири гола и шест асистенции на 11 меча на кои е стартер. Ова е голот на Алжирецот Марез, кој се покажа како решавачки:

https://twitter.com/i/status/1198302439239245825

- Оглас -

Најнови вести