Среќа за Шпанија што постои ВАР системот

Шпанија води со 1:0 на полувреме против Полска во меч со кој ќе се комплетира второто коло од Европското првенство. Црвената фурија се израдува на погодокот на Алваро Мората во 25 минута, иако првично, погодокот беше поништен.

Според проценката на линискиот судија, Мората бил во офсајд кога погодил, но повторената снимка, односно ВАР системот корегираше и покажа дека погодокот е регуларен.

Шпанците доминираа и по првиот дел имаа 70 отсто посед на топка, но на крај, благодарение на технологијата која ја исправи грешката на арбитарот, води со 1:0.

Мората е вистински херој на Шпанија, затоа што тој има постигнато четири од последните пет погодоци на Европските првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести