Срѓан Ѓоковиќ е бесен на Димитров: Тој е виновен за ова!

Веста дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е позитивен на корона-вирусот го „здрма“ светот, многумина фрлаат дрва и камења по Новак поради организацијата на турнирот „Адрија“, а сега во контранапад тргна таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ. Тој го обвинува Бугаринот Григор Димитров дека им нанел голема штета на Србија, Хрватска и на семејството Ѓоковиќ.

„Човекот веројатно дојде болен, којзнае од каде. Не се тестираше тука, туку на друго место. Мислам дека тоа не е во ред, но што да се прави. Им нанесе голема штета и на Хрватска, и на Србија и нам како семејство“, изјави Срѓан за хрватската телевизија РТЛ.

Новак Ѓоковиќ нема симптоми и призна дека подранил со организацијата на турнирот. Тој се дружеше во затворени простори со многу луѓе, па кога се дозна дека Димитров го има вирусот, беше јасно дека и Ѓоковиќ најверојатно е позитивен, а заразен е и кошаркарот Никола Јокиќ.

Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена, која исто ака има корона-вирус, 14 дена ќе бидат во самоизолација.

- Оглас -

Најнови вести