Српски изум – Оригинална рампа за страсните баскетџии (Фото)

Обрач преку кој е закована штица е новиот српски изум како да се спречат љубителите на кошарката да не излегуваат од дома и да го играат баскетот во ситуација кога епидемијата со Коронавирусот опасно се шири.

Познатиот менаџер Мишко Ражнатовиќ објави фотографија од Дорчол која стана хит на социјалните мрежи, а изумот треба да помогне да се заборави на кошарката, односно на маалскиот баскет барем извесно време додека трае кризата.

Србија е една од велесилите во светската коршарка со долга и успешна традиција и успеси во овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести