Српски клуб испрати „официјално барање“ до Абрамович да ги купи! (Фото)

Рускиот олигарх Роман Абрамович, најави дека го продава фудбалскиот клуб Челзи, а тоа сака да го искористи еден српски нисколигаш, кој преку Фејсбук испрати шеговито барање до Роман, со молба да ги купи и да стане нивен сопственик.

Клубот Петка, кој се натпреварува во општинска лига Лазаревац, му нуди на Абрамович да купи 49 проценти од нивните акции.

„Драг Роман, управата на Петка сочувствува со вашите емоции и тешко го поднесува вашето патење, и би сакале да ви направиме услуга, и да ви понудиме 49 проценти од акциите на клубот. Би сакале да ве викнеме на првиот подготвителен меч в недела каде ќе ги одмериме силите со некогаш незгодниот Чибутковци, а после тоа се планира состанок со вечера во кафеана“ – стои во дел од шеговитата објава на ФК Петка.

- Оглас -

Најнови вести