Српски кошаркар на 18 години потпиша со Голден стејт и стана милионер

Вицешампионот Голден стејт вориорс потпиша четиригодишна соработка со Ален Смаилагиќ. Српскиот крилен центар минатото лето пристигна во редовите на Воините по размената на пикови со Њу Орлеанс, а откако оваа година импресионираше во летната лига на НБА, тинејџерот потпиша договор според кој ќе заработи вкупно 6,1 милиони долари.

На осумнаесетгодишниот кошаркар ќе му бидат загарантирани две години од договорот, а потоа клубот ќе може да го трејдува ако сака да го стори тоа. Минатата сезона Смаилаѓиќ играше во развојната лига за тимот на Санта Круз, каде што имаше просек од девет поени по натпревар, а пред да замине во НБА играше за белградската екипа на Беко.

Покрај тоа што од неодамна полнолетниот Смаилагиќ ќе стане милионер, ќе може да ужива на атракциите на Стеф Кари, трикратниот НБА првак и своевремено најкорисен играч.

 

 

- Оглас -

Најнови вести