Српските ракометарки не успеаја да направат чудо против фаворитот за титулата на СП

Женската ракометна репрезентација на Србија загуби со 25:21 од Данска во првото коло на Светското првенство кое се одржува токму во Данска, Норвешка и Шведска.

Српските ракометарки има за што да жалат бидејќи одиграа одличен меч во кој водеа до 52-та минута, но во финишот потклекнаа и им дозволија на Данките да направат пресврт и да слават.

Најголемата предност која Србија ја имаше изнесуваше два гола, и така беше се до 49-та минута, кога данските ракометарки прво со двата гола на Јоргенсен израмнија, а потоа и направија мини серија од 3:0 со која поведоа и предноста не ја испуштија до самиот крај.

Најдобри кај Данска беа Јоргенсен и Уршков Фрис со по пет гола, а кај Србија, исто така по пет гола дадоа Јововиќ, Лаништанин и Радосављевиќ.

Селекцијата на Сенегал го направи изненадувањето на денот играјќи 22:22 против Хрватска, а на останатите мечеви, фаворитите како Норвешка, Данска, Шпанија, Бразил, остварија убедливи победи.

Резултати:
Хрватска – Сенегал 22:22
Јужна Кореја – Гренланд 27:16
Казахстан – Бразил 15:46
Романија – Чиле 44:19
Австрија – Норвешка 28:45
Данска – Србија 25:21
Шпанија – Украина 32:20
Шведска – Кина 36:24

- Оглас -

Најнови вести