Стадионите и салите во Македонија се отвораат само за вакцинираните против ковид-19?

Влез на стадионите и спортските сали во Македонија само со сертификат за примена вакцина против ковид-19 е услов за кој размислува да го воведе министерот за здравство Венко Филипче. Оваа мерка е предвидена да стапи на сила очекувајќи го есенскиот бран на корона-вирусот со нови мутации.

Со овој услов се очекува зголемување на интересот за вакцинирање кај граѓаните, а мерката ќе важи и за настани од друг тип.

„Размислуваме за некаква форма на рестрикција со цел да се зголеми интересот за вакцинирање. Вакцинацијата, за жал, во ниту една земја не е задолжителна, но факт е дека само така ќе се спасиме од пандемијата. Едно од решенијата за пристуство на настани од секаков тип на отворено и затворено е да се одобри со сертификат за примена вакцина против ковид-19“, истакна Филипче.

 

- Оглас -

Најнови вести