Стадионот на кој Марадона ја постигна „Божјата рака“ ќе се се реновира за светски рекорд

Култниот стадион „Астека“ е заштитен знак на главниот град во Мексико и еден од најубавите фудбалски театри во светот кој има капацитет од 87.523 седишта. Најавено е дека се планира реновирање на домот на Клуб Америка, кое треба да заврши до 2026 година токму за Мундијалот кој ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.

Со проширувањето е планирано да се додадат 30.000 седишта, па капацитетот да достигне до 120.000 седишта, што би било апсолутен рекорд и „Астека“ официјално да биде најголем стадион во светот.

Досега на овој стадион се одржани два Мундијали, во 1970 и 1986 година, како и Олимписките игри во 1968 година. На „Астека“ беше поставен рекорд за најголема посетеност на еден фудбалски меч, дуелот меѓу Аргентина и Германија во 1986 година го проследија 114.600 гледачи, но оттогаш трибините се изменети.

Инаку, на овој стадион се случи  „Божјата рака“ на Диего Армандо Марадона токму на споменатиот Мундијал. Во финалето против Англија, Гаучосите ја освоија светската титула предводени од еден од најдобрите фудбалери во историјата, кој почина лани на 25 ноември.

- Оглас -

Најнови вести