Стадионот на Тотенхем распродаден за финалето во ЛШ

Челзи синоќа се израдува на трофејот во Лигата на Европа, па сега останува само уште една дилема. Кој ќе биде новиот европски првак? Ливерпул и Тотенхем в сабота во Мадрид ќе играат за најпрестижниот клупски трофеј. „Црвените“ знаат како се освојува големиот сребрен пехар бидејќи во витрините на „Енфилд роуд“ низ историјата биле донесени пет такви пехари. Тотенхем никогаш не бил на тронот на Европа.

Стадионот „Ванда Метрополитано“ е премал да ги собере сите оние кои сакаат да го гледаат финалето и здружено да навиваат. Токму затоа, челниците на Тотенхем решија да го отворат нивниот нов дом и на стадионот во Лондон да има организирано гледање на финалето.

Веќе се распродадени сите 62.000 карти за овој голем настан. Останува да дојде сабота и да видиме дали фановите на Тотенхем ќе имаат можност да се радуваат на историски успех.

- Оглас -

Најнови вести