Стадионот во Истанбул е подготвен да прими 72.000 навивачи за финалето во ЛШ

Подготовките на стадионот во Истанбул, „Ататурк“ на кој в себота ќе се игра финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер, се при крај.

Олимпискиот стадион „Ататурк“, чиј капацитет е 72.000 седишта, по втор пат ќе биде домаќин на мечот кој ќе го даде европскиот шампион, првпат тука се играше финалето во 2005 година меѓу Милан и Ливерпул и во кое победи англискиот тим по подобро изведување пенали.

Навивачите на Интер ќе бидат ќе бидат сместени на северната трибина, додека тие на Манчестер сити ќе бидат на јужната.

Околу 500 волонтери ќе бидат ангажирани за време на финалето, додека гувернерот на Истанбул и полицијата ќе биде презедад сите мерки за навивачите безбедно да пристигнат на стадионот и да уживаат во финалето. Организаторот исто така ќе обезбеди бесплатен превоз до стадионот.

Олимпискиот стадион „Ататурк“ се наоѓа во западниот дел од Истанбул, а името го доби по првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

- Оглас -

Најнови вести