Франција вечерва е домаќин на Израел во меч од Лигата на нации, кој е обележан дека е од „висок ризик“. Причината поради која дуелот е од висок ризик е најавеното присуство на околу 200 гостински навивачи на „Сент Дени“.
Пред само неколку денови во Амстердам имаше големи нереди пред и по завршување на дуелот меѓи Ајакс и Макаби Тел Авив во Лигата на Европа. Израелските навивачи во Амстердам прво провоцираа, а потоа беа нападнати, според повеќето извори од поддржувачи на Палестина. Во целата таа ситуација мораше да се вклучи и највисокото политичко раководство на Израел, за да се спасат навивачите на Макаби.
Организаторот на мечот во Париз реши да дозволи да има гостински навивачи на Израел, а со тоа си создаде многу „главоболки“. Едвај 200 поддржувачи на Израел се најавени дека ќе има вечерва на трибините, но затоа безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво.
Мечот во Париз ќе го обезбедуваат дури 4.000 полицајци. Гостинските навивачи ќе имаат целосно обезбедување при доаѓањето кон стадионот, околу стадионот и додека се на трибините.
Hoy se disputa el Francia-Israel a las 20:45. Apenas se han vendido 14.000 entradas de las 80.000 disponibles. El partido registrará un mínimo histórico. Las autoridades ya han instalado rejillas a pie de campo para evitar que espontáneos boicoteen el partido (RMC Sport). pic.twitter.com/bVQi5bvU1e
— Andrés Onrubia Ramos (@AndiOnrubia) November 14, 2024
Според некои пишувања, стадионот во Париз буквално е претворен во бункер и се преземени сите безбедносни мерки да не се случи некој напад врз гостинските навивачи.
Организаторот реши капацитетот на трибините да биде намален за дури 20.000 гледачи, што е речиси една четвртина од капацитетот на целиот стадион. Со останување на празни 20.000 столчиња, италијанскиот весник Газета дело спорт пресметал дека загубата на организаторот ќе биде околу 3,5 милиони евра.
Франција со победа вечерва ќе си обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на нации, додека Израел многу веројатно е дека ќе испадне од елитното А друштво во ова натпреварување.