Стаховски: Ми нудеа 100.000 долари да загубам меч на ОП на Австралија!

Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски, кој во моментов на замрзнатата АТП-листа е на 169-тото место, а некогаш беше и далеку подобро рангиран, на 31-вото место, раскажа дека во минатото му биле понудени 100.000 долари за да намести меч, поточно намерно да загуби.

Тоа се случило во 2009 година, на првиот гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Во првото коло тој играше против Арно Клеман од Франција, а „наградата“ од 100 илјади долари била далеку поголема од сумата која би ја зел за пласманот во второто коло.

„Ми пријдоа двајца мажи и ми рекоа дека ми нудат финансиска поддршка. Го загубив тој меч, иако водев со 2-1 во сетови. Ако видев некој од нив двајцата кога излегував од терен, ќе го треснев со рекет по глава“, вели чесниот Стаховски, кој во кариерата како најсветол момент ја има победата над Роџер Федерер на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести