Стана популарен поради несреќното име и презиме

Младиот перуански фудбалер Осама Винладен стана популарен на социјалните мрежи и по спортските медиуми поради несреќното име и презиме. Само една буква го дели новиот фудбалер на второлигашот Унион Комерсио од тоа да се вика како озлогласениот терорист на Ал-Каеда, Осама бин Ладен.

Свесен за ситуацијата, Осама вели дека повеќепати го прашал неговиот татко која е причината што неговото име е слично на најпознатиот терорист, но никогаш не добил конкретен одговор, а откри дека од мали нозе научил да живее со шегите на негова сметка.

„Татко ми никогаш не ми кажа која е причината што ми го дале ова име. Долго време трпев шеги на сметка на моето име, но научив да живеам со тоа и сега не ми пречи“, истакна Винладен.

Инаку, целосното име на 18-годишниот играч за врска е Осама Винладен Хименес Лопес.

- Оглас -

Најнови вести