Станува интересна пракса – Ел Класико во октомври се игра во чуден термин

Новото Ел Класико на шпанскиот фудбал меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра на 16 октомври, во интересен термин од 16.15 часот, на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Мечот ќе биде во рамките на деветтото коло, а веќе станува и пракса дуелите на двата шпански гиганти што се паѓаат во октомври да се играат во терминот од 16.15 часот.

Така беше и лани, на 24 октомври, кога Реал Мадрид славеше со 2:1 на „Камп ноу“ пред повеќе од 86 илјади гледачи.

И сега се очекува голем посета, но на „Сантијаго Бернабеу“, а ова ќе биде и првото Ел Класико во новата сезона.

По шест кола во Ла Лига, Реал е лидер со максимални 18 бода пред Барселона со 16. Двата гиганти се единствените две екипи досега што се непоразени во шпанското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести