Станува опасно за Елмас, се шири вирусот во Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи објави дека и Фабијан Руис е позитивен на корона, што е втор случај откако сериозно нападна новиор сој, омикрон.

Шпанскиот репрезентативец е во изолација, за среќа, без сериозни симптоми, а има и примено две дози вакцини против ковид-19.

Руис се тестирал при пристигнувањето во Шпанија, каде што замина за паузата што сè уште е во тек во Серија А.

Претходно и Лоренцо Инсиње беше позитивен на тест за корона-вирусот, па и тој е во изолација.

Следниот меч во Серија А, Елиф Елмас и соиграчите ќе го играат на 6 јануари против Јувентус во Торино.

- Оглас -

Најнови вести