Станува сериозно: Од Барселона најавија дека ќе бараат преигрување на дуелот со Реал Мадрид

Реал Мадрид со 3:2 ја победи Барселона во Ел Класико, но тензијата околу овој меч уште не е завршена. Каталонскиот гигант најави дека ќе бара преигрување на дуелот ако се докаже дека имало клучни грешки кои влијаеле на резултатот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Синоќа имаше неколку дискутабилни одлуки, а тука е и една одлука која може директно да влијае на резултатот. Како што знаете, мислам на фамозниот гол на Јамал. Како клуб побаравме од Техничкиот одбор на судиите и од Фудбалската федерација да ни достават снимки и звучни сигнали од целата акција“, открива претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Првиот човек на Барселона вели дека ако се утврди повреда на правилата, ќе бараат преигрување на Ел Класико.

„Откако ќе ја анализираме добиената документација и донесеме одлука дека има грешки во проценките, ќе ги превземеме сите мерки, па дури и преигрување на средбата. Имало такви случаи кога поради ВАР грешка се преигрувале натпревари“, додава Лапорта.

Првиот човек на Барселона алудираше на мечот од белгиското првенство кога поради ВАР грешка се преигра средбата меѓу Андерлехт и Генк.

- Оглас -

Најнови вести