Стара школа добитен тикет e начин за убав викенд

Се чини голем тикет, но составен е експресно, се чувствува тоа. Во Гостивар 12 е исплатена најголемата добивка за викендов, а обложувачот е посреќен за 230.489 денари, или околу 3.700 евра. Нашиот редовен типувач махерски и без многу размислување состави добитен тикет од 17 натпревари и вложи симболични 50 денари, па сега му се радува на понеделникот како да му е роденден.

Без посебни шеми, кец или двојка е неговата игра, ги најде фаворитите низ цела Европа и го израдуваа. Реал, Дортмунд, Лил, па и оние помалку познатите Брентфорд, Шарлроа, Јорк. Квотите варираат од 1.35, па точно до 2. Алал нека е мајсторе, не ни помислувај да играш поинаку.

НАЈДИ ГИ МЕЧЕВИТЕ КАДЕ ШТО „ВРНЕ“ ГОЛОВИ И ПАМЕТНО ТИПУВАЈ ГИ

Нашиот редовен одбложувач од Гевгелија се гледа дека обрнува внимание на холандскиот фудбал, па затоа и вака мајсторски ги типувал одредените три натпревари, кои се надополнети со дуел од француската Лига 1. Со 250 денари влог, четирите типови кои имаат најмала квота 3.55, а најголема 7, му донеле фантастични 208.740 денари.

Како од предвреме да знаел уште какви ќе бидат исходите на одбраните дуели. Марсеј го совлада Брест со 2-1, трите гола се паднаа во второто полувреме, а Радониќ во 90-тата минута ги освои трите бода за домаќините.

Хереверн беше подобар од Витесе со 3-2, три од вкупно пет гола се реализирани во првите 45 минути, како што му одговара на обложувачот. Тоа важи и за мечот Хелмонд – Јонг ПСВ. Потребни беа три гола во првиот дел, додека во целата средба двете мрежи мора да се затресат. Младинците на ПСВ победија со 3-2, а сите три гола ги дадоа пред паузата.

Најлесно го фати дуелот Рода – Ексцелсиор. Гол-гол прво полувреме тешко се фаќа, но овие екипи го решија тоа за 13 минути, кога резултатот веќе гласеше 1-1.

УШТЕ ЕДНО ЕДНОСТАВНО ЛИВЧЕ, А СО ТОЛКУ МЕРАК НАПРАВЕНО

Во едноставноста е убавината. Кичевчанецот очигледно се држи до играта 3+, но некогаш е добро да се комбинира и со други типови и токму како овојпат да се исплати. Влогот за 11-те натпревари е 300 денари, а добивката одлична, 112.907 денари се веќе во џебот на овој редовен обложувач од Кичево.

Не може да нема барем еден натпревар од Серија А. На овој тикет има четири од вкупно 11, се наоѓа по некој бундеслигаш и премиерлигаш. Надвор од колото е мечот Интер – СПАЛ, кој заврши со конечни 2-1, онака како што замислувал кичевчанецот кога ја пишал 1 & T1. Мехнегладбах и Зенит се чистите „кецови“, а минималните 0-1 на Милан на гости кај Парма исто така беа најава за оваа сочна добивка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести