„Старата дама“ сардисана од проблеми – Против Ајакс не игра и Спинацола

Леонардо Спинацола има повреда на коленото, одигра половина час против Емполи и излезе од игра, па најверојатно нема да настапи против Ајакс на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тоа е нов голем проблем за „старата дама“ по повредата на Кристијано Роналдо. Португалецот, според последните информации, нема да закрепне навреме за натпреварот на „Амстердам арената“ на 10 април, па со Спинацола ќе го гледаат мечот од трибините.

Леонардо играше фантастично во последно време, а беше еден од најдобрите против Атлетико Мадрид во реванш осминафиналето во Лигата на шампионите, што потврдува дека неговото отсуство на „Амстердам арена“ ќе биде хендикеп за гостите од Торино.

- Оглас -

Најнови вести