Старче ти имаш 75 години, а брат ми може да скокне два метри и три минути да остане во воздух

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес уште еднаш јасно кажа дека нема шанса Кристијано Роналдо да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Роналдо цели девет години го носеше дресот на Реал Мадрид период во кој стана најдобар стрелец во историјата на најтрофејниот европски клуб.

Во изминативе неколку денови, Перес е под постојан притисок околу можно враќање на Роналдо во Реал, а на последното прашање околу иднината на Португалецот, претседателот на Кралевите беше многу јасен.

„Повторно да потпишеме со Роналдо? Па тој има 38 години“, рече Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN FC (@espnfc)

По овој коментар на Роналдо, веднаш се јави сестрата на Кристијано, Катја Авеиро, која вербално го нападна Перез.

„Он можеби има 38 години, но може да скокне два метри во воздух и да остане три минути во воздух. Тој нема маснотии во телото. Имај почитување старче, барем кон себе, ти имаш 75 години“, беше пораката на Катја, сестрата на Роналдо.

Кристијано Роналдо одигра 438 мечеви во кои постигна вкупно 450 погодоци за Реал Мадрид. Во моментов тој е член на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести