Старт за Андоновски како од бајките – Осум меча и осум победи за дамите на САД со селекторот од Македонија (Видео)

Влатко Андоновски уште на самиот почеток како селектор на женската репрезентација на САД потврдува дека неговото именување е вистински потег на Федерацијата и веќе нанижа 8 победи на 8 меча како кормилар на актуелните светски шампионки.

Андоновски ноќеска на првиот меч за САД на „She Believes cup“ се радуваше на победа од 2:0, со што ја продолжи блескавата серија триумфи.

Кристијан Прес во 53-тата минута со мајсторски удар ѝ донесе предност на американската репрезентација, а победникот го потврди Карли Лојд само 120 секунди подоцна.

Cristian Press 53′ | USWNT [1] – 0 England | SheBelieves Cup from soccer

Андоновски почна како селектор со победа против Шведска од 3:2 на пријателски меч во октомври лани, а потоа со шест убедливи победи без примен погодок и со гол-разлика 31:0 ја одведе селекцијата на САД на Олимписките игри во Токио.

- Оглас -

Најнови вести