Битолчанец е нов типстер шампион, си доби СТАН НА ВОДНО!

Дејан Кузмановски од Битола е новиот типстер шампион за сезоната 2019/20, а со тоа и добитник на престижната премија СТАН НА ВОДНО! Битолчанецот уште на стартот од финалето се проби меѓу најдобрите и покажа дека ќе биде сериозен кандидат за освојување на станот.

Откако во првите 10-тина дена ги бркаше лидерите кои се менуваа во водство, еден момент ја одбележа финалната трка. На 30 август Дејан беше на петтото место во Генералниот пласман, но само за еден ден успеа да направи шампионски скок. Битолчанецот доби повеќе од 20.000 поени и само за еден ден, од петтото место се најде на лидерската позиција.

Во тој момент Дејан имаше 83.253,6 поени, речиси 15.000 повеќе од тогаш второпласираниот Христо, па битолчанецот до крајот на финалето не ја испушти лидерската позиција. Шампионската позиција и станот на Водно Дејан ги заработи со вкупно 135.967,1 поени.

ПОДАРОЦИ ИМА ЗА ТОП 10 ФИНАЛИСТИТЕ

Далеку зад шампионот е Бобан Трајковски, кој во финалето собра вкупно 112.394,4 поени, додека третопласираниот Веселин Пецаноски заврши со 108.232,4 поени. Во Топ 5 се и Христо Трифуновски и Миле Миленкоски, а подароци има за најдобрите 10 типстери за оваа сезона.
Освен станот на Водно за шампионот, останатите деветмина добиваат:

2. 5.000.000 СЛ Маркет поени
3. 3.000.000 СЛ Маркет поени
4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5.    500.000 СЛ Маркет поени
6.    200.000 СЛ Маркет поени
7.    100.000 СЛ Маркет поени
8.      50.000 СЛ Маркет поени
9.      40.000 СЛ Маркет поени
10.      30.000 СЛ Маркет поени

Тинстер купот наскоро ќе продолжи со новата сезона, која ќе започне на 1 октомври. Бидете дел од оваа атрактивна игра која повторно ќе ви понуди многу вредни подароци за најдобрите!

 

- Оглас -

Најнови вести