Статистиката на Гриезман е загрижувачка за Барселона

Барселона две сезони се обидуваше да го доведе Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид, а кога конечно го направи тоа летоска, францускиот напаѓач како да се изгуби на „Камп ноу“. Иако беше најавуван како дел од триото со Меси и Суарес, Гриезман никако не успева да се вклопи во играта на шпанскиот првак.

На последниот меч против Селта Виго, Лионел Меси имаше шоу и со хет-трик донесе ѝ победа на Барселона (4:1), додека Гриезман беше речиси незабележителен. Французинот одигра 73 минути пред да биде заменет, а зад себе остави статистика само од 21 додавање. Колку за споредба, Усман Дембеле само за 20 минути на тој меч имаше 43 додавања.

Гриезман веќе пет меча во низа нема постигнато ниту еден гол, а освен што не може да влезе во ритам, тој не може да се вклопи во играта на Меси. Дури беше забележано како двајцата кои најмногу треба да соработуваат во нападот, да не сакаат да си ја додаваат топката. 

Сега следува пауза за репрезентативни дуели, а потоа Гриезман треба да се врати во Барселона и да заигра во формата од времето кога играше во Атлетико Мадрид за да биде мнгу покорисен во играта на каталонскиот гигант пред тешките дуели против Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Интер и Реал Марид.

 

- Оглас -

Најнови вести