Статистиката најавува над 240 поени во Хјустон

Њујорк никс – Индијана пејсерс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)

Никс има осум порази по ред, го смени тренерот Физдејл, и можеби ќе им тргне, особено што гостин им е тим кој синоќа загуби од Детроит кој не е меѓу најдобрите тимови на Истокот. И за Пејсерс ова е важен меч, Њујорк им е стар ривал, кој секогаш сакаат да го победат, а и прилика им е да се вратат на победничкиот пат. Со 4-18, Њујорк е најслаб тим во лигата, а дома не славел од 19 ноември. Индијана победуваше на претходните две гостувања во „Медисон сквер гарден“.

Предлог тип: >205.50 (1.80)

 

Хјустон рокетс – Феникс санс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои во моментов се на плејоф позиции на табелата на Западот. Рокетс има огромна серија од 11 победи по ред во дуелите со Санс, па ако ја следите традицијата, треба да типувате единица. На сите меѓусебни мечеви во минатата сезона, Џејмс Харден даваше над 30 поени, а и Расел Вестбрук е стар „душман“ на Сонцата, иако досега не играл против нив како член на Ракетите. На последните шест меча, Феникс во просек прима по 123,3 поени, а Хјустон дава 128,2.

Предлог тип: >240.50 (1.90)

 

Јута џез – Мемфис гризлис (Кошарка, НБА, 04.00 часот)

Јута има три порази по ред, и сака да го прекине постот, а Мемфис кој славел само шест пати сезонава, има четири порази на последните пет натпревари. Валанчунас е главниот играч на Гризлис на последните три меча, на кои има просек од 28 поени и 15,3 скока. Овие два тима двапати играа меѓусебе во ноември, и двата тима победија по еднаш, но тие средби беа во Мемфис, а вечер се игра во Солт Лејк сити.

Предлог тип: Х 2 -13.50 (1.67)

 

Бостон бруинс – Колорадо авеланч (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Ова е дерби на вечерта, бидејќи играат вториот на Исток со третиот од Запад, и тимови заедно имаат девет победи на последните десет натпревари. Лавината има пет чисти победи по ред, а Бостон има само два порази на десет меча, и тоа после продолжение. Има еден неверојатен подарок, дека Бруинс дома 20 години не победил против Колорадо во регуларен дел. Бостон е тим кој од последните 13 гола, 12 ги даде во последната третина или екстра период.

Предлог тип: >5.50 (1.65)

 

Калгари флејмс – Лос Анџелес кингс (Хокеј, НХЛ, 04.00 часот)

Според формата, Калгари е фаворит. Тимот од Канада има три победи по ред, додека Кралевите се последни на табелата на Западот и имаат три порази еднподруго. И Калгари не е во позиција да влезе во плејофот, но би требало да триумфира против Лос Анџелес кој од 23 октомври наваму не знае за гостинска победа. На 9 октомври Кингс слабеше во Калхаро со 4-3, а во регуларниот дел мечот заврши 3-3.

Предлог тип: 1 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести